Израел извршил 18 воздушни напади во Сирија: Медиумите јавуваат за најмалку 57 загинати лица

Фото: EPA/ABIR SULTAN

Најмалку 57 лица загинаа во воздушните напади на израелски авиони во источниот дел на Сирија врз пунктови на владини безбедносни сили и нивните ирански сојузници, објави весникот „Маарив”. Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, претходно соопшти дека во нападите загинале 23 лица.

Шефот на Сирискиот центар, Рами Абдел-Рахман изјави дека околу 18 израелски напади биле извршени врз магацини за оружје и воени позиции во источна Сирија, при што загинале најмалку седум припадници на владините безбедносни сили и 16 сојузнички војници, вклучително и борци на либанското шиитско движење Хезболах и милициите поддржани од Иран, објави агенцијата ДПА.

Сириските државни медиуми ги потврдија воздушните напади без да соопштуваат жртви.

– Израелскиот непријател изврши воздушна агресија во источните градови Деир ал-Зур и Ал-Бу Камал, соопшти сириската новинска агенција САНА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот