Изненадување од ИХФ: Ракометарите ќе мора да прават ковид тестови на Светското првенство

Фото:: РФМ

Светското првенство во ракомет кое започнува за десет дена во Полска и Шведска нема да биде исклучок со ковид-протоколите.

На Мундијалот на кој ќе учествува и Македонија се најавени нови ковид-протоколи кои ги потврди ИХФ.

„ИХФ бара од сите ракометари да се тестираат пред почетокот на Светското првенство, потоа пред следната групна фаза. Исто така ракометарите на селекциите кои ќе се пласираат во четвртфиналето ќе бидат повторно тестирани“, потврдија од ИХФ.

Ако некој ракометар се покаже како позитивен ќе мора да помине изолација од пет дена, тоа значи дека нема да може да помогне на својата репрезентација за фазата пред која е тестиран.

Ваквата одлука на ИХФ е изненадување за сите репрезентации затоа што се мислеше дека времето со корона кризата е минато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот