Измените на Законот за минерални суровини ќе ја олеснат корупцијата, реагираат екологистите

Фото: Принтскрин МИА

Измените на Законот за минерални суровини се катастрофална грешка и ќе бидат срам за државата бидејќи само ќе ја олеснат корупцијата и перењето пари во сферата на рударството, му порачаа на министерот за економија Крешник Бектеши струмичките активисти, кои водат повеќегодишна борба против отворањето на рудникот за бакар и злато Иловица.

Екологистите од „Здрава котлина“ сметаат дека се овозможува во иднина крајниот сопственик на компаниите кои ја експлоатираат рудата во Македонија да може да биде и нерезидентно физичко лице, а не како досега правно лице со седиште во државава, што е легална дупка во закон за перење на пари.

Предложените измени на Законот за минерални суровини што треба да се најде на дневен ред на 18 јануари се спорни и за О2 Коалицијата и за други еколошки организации како и за Институтот за комуниколошки студии, Зелениот институт и други, кои сметаат дека со нив долгорочно се загрозуваат природните ресурси. Тие вчера со писмо му се обратија на министерот за економија и побараа пакетот измени да се тргне од дневен ред на Собранието и да не се носи по скратена постапка, без да се слушне мислењето на јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот