Измамен жител на тетовско, му зеле пари за да му „завршат работа“ за клевета

Фото: Пекселс/willfried-wendefotoblend

Вчера околу 14.40 часот во СВР Тетово, 39 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од В.А. од тетовска Стримница за сума од 2.700 евра.

„Според пријавеното, во ноември 2023 во неколку наврати му ги зел парите, ветувајќи дека ќе му заврши работа во врска со објавена клевета на телевизиска емисија во Република Албанија, но откако не била завршена работата, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од Секторото за внатрешни работи Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот