Изложбата „Врамена различност“ од Мартин Џепароски ќе биде отворена во „Порта Македонија“

Самостојната изложба „Врамена различност“ ги претставува истражувањата на авторот Мартин Џепароски за различностите, но и за сличностите меѓу луѓето и животните. За добрината на св. Мартин, кој својот плашт го подарува на сиромашниот и скудно облечениот, но и за трансформациите на самиот современ човек, кој визуелно и суштински се видоизменува.

Затоа светот на човекот и светот на животните во визуелните претстави е толку различен: од реално до иреално, од генетски немодифицирано до генетски модифицирано, од здраво до нездраво и до мутирано.

Авторот ослободен од правилата, но со голем, силен и експлозивен набој на емоции, верува дека на платната може да талка кон она што сака да го претстави, а во основа е непретставливо. Сето ова на тој начин станува само еден дел од светот на неговите врамени различности, посочено е во најавата на изложбата.

Изложбата „Врамена различност“ ќе биде отворена на 3 април (понеделник), во 19 часот, во „Порта Македонија“.

Авторот Мартин Џепароски е роден на 26.10.1991 година во Скопје. Во 2010 година го завршил средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, отсек вајарство. Дипломирал на вајарство и сценографија на ФЛУ во 2015 година, во класата на проф. Ибрахим Беди.

Проектот е поддржан од македонското Министерство за култура, Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје и „Порта Македонија“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот