Изложбата „Кобалт Синергија“ во МКЦ содржи заеднички влог на тројца уметници

Дело од изложбата „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Во изложбениот простор Галерија МКЦ, на 23 февруари (петок), во 20 часот, ќе биде отворена ликовната изложба со наслов „Кобалт Синергија“. Изложбата ќе трае до 3 март оваа година.

На изложбата „Кобалт Синергија“ ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видеоролна и две видеоарт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај. Во содржината на видеоролните се и концепциски опсервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот, Корнелија Буклеска.

За изложените ликовни дела критички осврт има проф. Владимир Величковски. За концептот на проектот „Кобалт Синергија“ новинарката и главен уредник на Редакцијата за култура и уметност при Радио Скопје, Корнелија Буклеска, напиша: „Ова е приказна за кобалтот (како елемент и како боја), како и за синергијата, па така и оваа нивна заедничка, е вечната вистина за животот кој не опстојува во праволиниско течение.“

Дело од изложбата „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Корнелија Буклеска, родена 1961 година во Скопје, дипломирала на катедрата за интердисциплинарни студии по журналистика при УКИМ. Уредник е во Редакцијата за култура и уметност на Радио Скопје.

Венко Цветков, роден 1955 година во Штип, Академија за ликовни уметности завршил во Љубљана 1984 година. Живее и работи во Скопје.

Симон Гегај, роден 2005 година во Скопје, е ученик во 4-та година во државното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, на отсекот мултимедија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот