Изложба на сликарот Киро Урдин ќе биде отворена во Букурешт

Дела од изложбата „Табула Раса“ на Киро Урдин

По неодамнешниот успешен настап во галеријата „Амадлози“ на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами, Флорида, со изложбата „Предци“, македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин на 2 август ќе се претстави и во Букурешт, Романија.

Во еминентната галерија „Константин Бранкуши“, сместена во рамките на Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент, нашиот уметник ќе се претстави со нова поставка на изложбата „Табула Раса“, на површина од близу 600 квадратни метри. На два монитори во галеријата, посетителите ќе можат да ги проследат документарните филмови на Урдин, „Планетариум“ и „Табула Раса“.

Изложбата, која ќе биде отворена на Илинден (2 Август) и ќе трае до 31 август, финансиски е поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија, медиумски спонзор е каналот „ТВ Културал“ на Романската национална телевизија, а помагатели се нашата амбасада во Букурешт, „Пивара“ Скопје, винарницата „Попова Кула“ и „Меана“, Букурешт.

Куратор на изложбата е историчарката на уметност Марика Теохаревска, а комесар на проектот е историчарот на уметност Јане Теохаревски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 189, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29-30.7.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот