Излезе „Културен печат“ број 212 во божиќниот број на весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 212

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 212, во печатеното издание на божиќниот број на весникот „Слободен печат“ (06-08.01.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со музикологот Мирјана Павловска-Шулајковска: Во традиционалниот македонски идиом преовладува мекото пеење

– разговор со младата поетеса и писателка Милена Сиљаноска: Ронливоста не е синоним за слабост

– изложба во Националната галерија: Респектабилен творечки опус на Ристо Калчевски

– поглед кон претставата „Череп во Конемара“ во Театар Комедија: Длабоко спознание на суштината на карактерите

– театарската претстава „Стапица за глувци“ во Прилепскиот театар ја преиспитува перцепцијата на вистината

– Националната опера и балет ќе го одржи традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот Василица на 12 и 13 јануари

– во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп е поставена изложба на дела од ликовната колонија „Дрен 2023“

– издавачката куќа „Арс ламина“ додели признанија за најдобрите за 2023 година

– Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ во соработка со „Контекст – Струмица“ го објави конкурсот за наградите „Анџело Ла Векија“ и „Антево слово“

– до 15 јануари е отворен конкурсот за книжевната награда „Роман на годината“

– во чест на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов на крајот на 2023 година од печат излезе поемата „Одгласот на тишината“ од Зоран Пејковски

– интригантно патување во светот на жанровите со книгата „Како ја убив Вера и како таа повторно се роди“ на Оливера Андоноска

– издавачот „Темплум“ во едицијата „Старо купувам“ ја објави сликовницата „Страшило“, заснована на расказ на Славко Јаневски со илустрации на Наташа Андонова.

Насловна страница на „Културен печат“ број 212 во весникот „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот