Излезе „Културен печат“ број 189 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 189

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 189, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (29-30.7.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со актерката Слаѓана Вујошевиќ: Сакам да верувам дека со секој нов лик растам и созревам

– разговор со фотографот Сашо Димоски, автор на изложбата „Станица Скопје ’63“ во КИЦ: Фотографии што пренесуваат значења

– изложбата „Подемот и падот на Скопје“ на Државниот архив е потврда за добрината, хуманоста и солидарноста на човештвото

– приказна за земјотресот, за солидарноста и за обновата носи изложбата „Скопје – градот Феникс“ во Музејот на град Скопје

– промовирана е книгата „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“ на првата македонска поетеса Даница Ручигај: Феномен на женската емоција

– изложбата „Табула Раса“ на сликарот Киро Урдин на 2 август ќе биде отворена во галеријата „Константин Бранкуши“ во Букурешт, Романија

– карикатури од Григори и Илја Кац се претставени во галерија „Остен“ со изложбата со наслов „2Кац“

– македонската сликарка Марија Павловска ја прими меѓународната награда „Микеланџело – Генијот на Италија“, која ја доделува Фондацијата „Ефето арте“ во Рим

– во рамките на „Скопско лето“ на 29 јули (сабота) во Сули-ан ќе биде отворена изложбата „Алиса во Апсурдистан“ од Јулија Петровска

– пет книги влегоа во потесниот избор за поетската награда „Браќа Миладиновци“ на СВП

– ремек-делото на македонската драмска книжевност, „Диво месо“ од Горан Стефановски е објавено во ново издание од издавачкиот центар „Три“

– „Македоника литера“ деновиве ја објави новелата „Во главата на Бруно Шулц“ на современиот германски писател Максим Билер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот