Излезе „Културен печат“ број 187 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 187

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 187, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (15-16.7.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со хрватската актерка Бојана Грегориќ Вејзовиќ, која игра во филмот „М“ на Вардан Тозија: Актерството се учи и спознава додека си жив

– средба со програмскиот координатор на 22. „Синедејс“, Маргарита Арсова: Се втурнавме во вртлогот на она што најдобро знаеме да го правиме

– разговор со мултимедијалната уметница Јулија Кастелучи: Дојде време за еволуција на човековата свест

– средба со музичкиот уметник Глигор Кондовски пред неговиот концерт на „Скопско лето“: Убавината е во несовршенството на нас самите

– специфичните културни и уметнички карактеристики на Балканот се претставени на изложбата „Супстрати“ во Париз

– хип-хоп артистот Мартин Милев – Мартикс го објави новото ЕП со наслов „Буден сонувам“: Секојдневно ја учам уметноста на малите чекори

– музичко дружење на филмски фестивал – концерти на „Културно Уметнички Работници“ и Педро Кастиљо ќе се одржат на 22. „Синедејс“

– уште една значајна награда за претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци, овојпат во Котор

– долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски учествува на фестивалот „Искија“ во Италија

– македонскиот писател Томислав Османли е добитник на кинеска книжевна награда за романот „Бродот. Конзархија“

– почна со работа најголемата е-книжарница на „Литература.мк“

– Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана ја објави книгата „Човекот за животните и животните за човекот во современата словенска поезија“

– пет години од првото издание, романот „Маџун“ од Влада Урошевиќ е објавен во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот