Излезе „Културен печат“ број 177 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 177, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (6-7.5.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со академик Газанфер Бајрам: Во контрастите е хармонијата

– разговор со Фросина Георгиевска: Приказ на творечкиот свет на Владимир Георгиевски

– класична постава на ремек-делото „Набуко“ од Верди за отворање на 51. Мајски оперски вечери

– интерактивна дебата во „Јуроп хаус Скопје“: Зборот е начинот на кој сакаме да постоиме во светот

– премиера на филм со Сашко Коцев и Јелена Јованова во „Синеплекс“ – „Нешто слатко“ во питка верзија

– „Баги комуникации“ носи врвни музички имиња на четвртото издание на „Скопски градски фестивал“

– заедничко дело на Јане Чаловски и Христина Иваноска е претставено во галеријата „Зилберман“ во Берлин

– едукативно-документарниот филм „Бела книга – женско писмо“ на авторката Снежана Младеновска Анѓелков зборува за македонските писателки и поетеси

– издавачката куќа „Бегемот“ го објави романот „Плачеш како кит“ од реномираниот новинар и писател Ѕвездан Георгиевски

– од печат излезе новиот роман „Мина“ од Игор Анѓелков

– од печат излезе „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“, стихозбирка на Александра Спасеска во издание на „ПНВ Публикации“

– издавачката куќа „Кооперација“ ја објави детската сликовница „Чуварот на ѕвездите“ на Лира Џокиќ со илустрации на Ана Тодоровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот