Излезе „Културен печат“ број 175 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ бр. 175

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 175, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (21-23.4.2023), во формат на четири страници поради продолжениот викенд, меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– обединувачката сила на „Јанѕа“, долгометражен документарен филм работен според мотиви на делото „Дневник по многу години“ од Блаже Конески по сценарио и во режија на Никола Т. Калајџиски во продукција на „Контраст филм“

– книжевно-културолошки проект „Книжевни рефлексии“ на Ана Јовковска во Институтот за македонска литература: Родовата еднаквост е борба за слободно и рамноправно општество

– МАНУ објави уметничка монографија како грандиозен артефакт за делото на академик Газанфер Бајрам

– камерниот оркестар „Профундис“ во Националната опера и балет ќе изведе уникатен мултимедијален спектакл со наслов „Грув“

– првата активност на новооснованата компанија „АртАктУм“ во рамките на проектот „Театар на платно“ ќе биде проекцијата на претставата „Кафе Мулер“ на легендарната танчарка и кореографка Пина Бауш

– издавачката куќа „Или-Или“ ја промовираше новата збирка раскази „Вонземјанки – раскази од Латинскиот кварт“ од Влада Урошевиќ

– во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче

– Форумот на словенските култури од Љубљана го објави словенечкиот превод на книгата „Sиркачот“ на Александар Прокопиев

– како дел од проектот „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“ на издавачката куќа „Артконект“, објавен е романот „Небото“ од Пиа Лејно со поддршка од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот