Излезе „Културен печат“ број 174 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 174

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 174, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (8-9.4.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со светски познатиот пијанист Иво Погорелиќ, кој на 22 април ќе настапи во Скопје: Чувството кон музиката не се менува

– разговор со Сашо Поповски, директор на „Џез фабрика фестивал“ во Битола: Континуиран раст на битолскиот фестивал

– отворена е изложбата „На работ на зборовите“ во Резиденцијата на ЕУ во Скопје: Врската на визуелната уметност со зборот и јазикот е посебна

– мултимедијалната изложба „Пејзажно искуство“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска е поставена во Чифте амам

– во Македонскиот народен театар се одржа трибината „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“

– на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес премиерно ќе биде изведена претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, во режија на Дејан Пројковски

– двете нови филмолошки изданија, списанието „Кинопис“ бр. 61 и „Кинематографијата на другата Европа“ на Дина Јорданова, беа промовирани во Кинотеката

– филмологот Илинденка Петрушева доби плакета со која се прогласува за почесен уредник на списанието „Кинопис“

– скопскиот бенд „ПМГ Колектив“ ќе одржи концертна промоција во МКЦ на објавениот двоен албум „Најголемите хитови“

– од печат излезе драмскиот ораториум „Баница 1903 – Стратегот на македонскиот универзум“ од Зоран Пејковски

– промоцијата на поетската збирка „Ex Voto“ на м-р Соња Здравковска Андоновиќ ќе се одржи на 12 април, во галеријата „Ко-Ра“ во Скопје

– книгата со скопски графити „(До)Живеј го Скопје“ од Матеј Богдановски и Игор Анѓелков на 10 април ќе излезе од печат во издание на „Или-Или“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот