ИЗГУБЕНИТЕ МОНЕТИ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВИДЕО)

На друштвените мрежи се пронајдени фотографии од декадрахмите на Александар, кои нашите експерти никогаш не ги ни виделе.

На брегот на Газа во 2017 година риболовци пронашле едно од најретките богатства на Стариот свет. Фадел Алатол, археолог од Газа, прв идентификувал 12 монети, кои биле 2300 години стари декадрахми на Александар Македонски.

Потоа монетите исчезнале. Се претпоставува дека биле препродадени. Неколку месеци подоцна, ист тип монети почнуваат да се појавуваат на аукции ширум светот.

Римската нумизматика (наука за ковани пари, монети) продала една декадрахма на Александар, за 1.300.00 долари на аукциската куќа во Лондон. Во следните две години, на пазарот се појавиле вкупно 19 од овие монети.

Единаесет од нив биле продадени од Римската нумизматика. Сепак, никој од овие ретки монети нема објавено историјат на сопственост. На друштвените мрежи се пронајдени фотографии од декадрахмите на Александар, кои нашите експерти никогаш не ги ни виделе.

Имено, православната црква во Газа ги држела овие монети во сеф од 1967 година. Ниеден експерт не успеал да ги поврзе фотографиите од декадрахмите, кои ги продавале аукциските куќи со слики од монетите што ги пронашле рибарите. Од каде потекнуваат сите овие монети?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот