Изгорел градски автобус среде улица во Рим - Слободен печат
ВестиПланета

Изгорел градски автобус среде улица во Рим

Француските медиуми пренесуваат дека автобусот, кој 15 години бил во служба, се запалил во раните попладневни часови.

Во Рим денеска среде улица изгорел автобус од градскиот сообраќај на компанијата АТАК, при што за среќа немало повредени.

Француските медиуми пренесуваат дека автобусот, кој 15 години бил во служба, се запалил во раните попладневни часови.

Од компанијата соопштуваат дека возачот ги извел патниците од возилото и потоа се обидел сам да го угаси пожарот, но не успеал во тоа.

-Немаше никакви проблеми за луѓето – стои во соопштението на римскиот градски превозник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close