Изгаснат шумскиот пожар над Иловица

Шумски пожар во кој е зафатена нискостеблеста шума избувна вечерва над селото Иловица, Општина Босилово.

Според информации од Територијалната противпожарна единица Струмица, пожарот е ставен под контрола и е целосно локализиран.

Во гаснењето учествувале едно возило со шест пожарникари и екипи на ЈП „Национални шуми”.

На местото на пожарот останала дежурна екипа, која ќе внимава во текот на ноќта да не дојде до повторно активирање на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот