Издавачкиот центар „Три“ го објави романот „Времето пред приказната“ од Митко Маџунков

Редок и неповторлив книжевен мајстор, Митко Маџунков е еден од македонските автори кои непоколебливо го одржуваат квалитетот на домашната книжевност.

„Времето пред приказната“, неговиот последен роман што излезе од печат во издание на Издавачки центар „Три“, го збогати не само неговиот личен опус со уште едно импресивно дело, туку и целокупната македонска литература.

Романот е редок пример на една раскошна епска сага, која, всушност, е слика на нашето време, на нашето непосредно минато, на нашата сегашност и најблиска иднина. Времето кај Митко Маџунков не се мери со часовник, а историјата е собрана на едно место – искористена за да се создаде нова што ќе се темели врз критиките на големите светски мислители.

Проникнат со мисловна и јазична густина, најновиот роман на Маџунков е полифонична приказна во која секоја реченица крие повеќе значења и се разгранува во повеќе можни текови.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 168, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 25-26 февруари 2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот