Избегнете ги четирите најчести грешки при подготовка на палачинки

инстаграм

Без разлика на тоа каков тип палачинки преферирате, некои грешки при нивната подготовка се универзални.

Следниот пат кога ќе се впуштите во подготовка на овој преследок десерт, обрнете внимание на овие четири ситници.

Премногу мешање

Веруваме дека имате потреба да ја разложите речиси секоја грутка брашно, но подготовката на палачинки е ситуација во која не смеете да си дадете оддишка. Не смеете да ја мешате премногу смесата, бидејќи глутенот ќе почне да се развива и тестото ќе стане еластично, што значи дека палачинките на крајот ќе испаднат „гумени“.

Премалку трпеливост!

Тестото за палачинки треба кратко да отстои. За да ги направите палачинките совршени, покријте ја смесата и оставете да отстои половина час.

Недоволно загреано тавче

Ако тавата не ви е доволно загреана, тестото безживотно ќе се разлие и ќе ја апсорбира секоја капка масло со што сме ја премачкале тавата. Предлагаме да ја тестирате температурата со една прва, мала палачинка.

Пречесто превртување на палачинките

Воздржете се од вртење на палачинката сè додека од долната страна не добие убава златна боја. Внимателност е особено потребна при подготовка на американските палачинки, бидејќи тие би можеле да ја изгубат меката текстура и да се „издишат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот