Избегната трагедија во Тетово: Некој запалил кревет фрлен покрај контејнер, ќе пламнеше цела зграда

Фото: МИА

Тетовските пожарникари попладнево околу 18 часот интервенираа на пожар што избувнал на оставен мебел пред контејнер, при што огнот го зафатил и ѕидот од зградата на улицата „Страшо Пинџур” кај трговскиот комплекс „Ловец”. Од Тетовската територијалан противпожарна единица информираа дека тројца пожарникари со едно возило успеле да го ликвидираат пожарот.

-Имаше оставен кревет и елементи од кујна и друг вид мебел. Пред 18 часот некаде се појави пожар, најверојатно намерно ги запалија остатоците од мебелот. Во еден момент огнот беше толку силен што го зафати и контејнерот и ѕидот од зградата. Можеше да биде уште поопасен пожар, насекаде тука има кабли и инсталациии. Среќа интервенираа пожарникарите на времено, информираа станарите од зградата на улицата „Страшо Пинџур”.

За пожарот била повикана и полицијата за да изврши увид на самото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот