Ивановиќ по отказот во Звезда се врати во поранешниот клуб и ќе дебитира против Партизан

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

По лошите резултати Црвена Звезда го отпушти тренерот Душко Ивановиќ, но тој не чекаше долго на нов ангажман.

Ивановиќ сега ќе биде тренер на Басконија, а интересно е што ќе дебитира против најголемиот ривал на Црвена Звезда, Партизан.

Враќањето на Ивановиќ го потврди клубот преку социјалните мрежи.

„Ивановиоќ се врати во својот дом“, објавија од Басконија

За Ивановиќ ова ќе биде четврти мандат на клупата на овој клуб претходно беше тука од: 2000 до 2005 година, од 2008 до 2012 и од 2019 до 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот