Итен состанок во Реал Мадрид поради ситуацијата со Барселона

Фото: EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Од вчера во Шпанија е актуелен голем скандал во кој обвинителството во Барселона отвори официјална истрага против каталонскиот гигант поради корупција. Под истрага се поранешните претседатели Хозе Марија Бартомеу и Сандро Росел, но и уште неколку функицонери кои биле дел од раководството.

Ситуацијата е навистина сериозна, а потврда за тоа е и реакцијата на Реал Мадрид. Поради обвинението Барселона би можела да биде казнета од УЕФА. Европската куќа на фудбалот би можела и да ја казни Барселона и без да ја чека конечната одлука ако процени дека ситуацијата го нарушува угледот на европскиот клупски фудбал.

Од Реал денес се огласија со соопштение во кое информираат дека претседателот Флорентино Перез повикал на итен состанок поради случувањата во Барселона.

„Со оглед на обвиненијата кон ФК Барселона и двајца нивни претседатело и ивниот однос со поранешниот потпретседател на Судискиот технички комитет, Хозе Марија Енрикез Негреиро, претседателот Флорентино Перез повика итен состанок на управниот одбор. Состанокот е удре, недела 12-ти март од 12:00 часот“, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот