Италијански олимпиец почина од коронавирус

Италијанецот Донато Сабиа почина во 56. година од коронавирусот, објави Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ).

ЦОНИ исто така објави дека Сабиа е првиот италијански олимпиец кој починал од ковид-19.

Донато Сабиа почина во родндиот град Потенца, на југот на Италија, откако пред 19 дена од коронавирус почина и неговиот татко.

Ова е трагедија во трагедија. Донато беше личност која не можевте да не ја сакате – изјави Алфио Џиоми претседателот на Италијанската атлетска федерација.

Донато Сабиа во кариерата на две ОИ беше финалист на трката на 800 метри, на Игрите во Лос Анџелес 1984 година го освои петтото место, додека четири години подоцна во Сеул во истата дисциплина беше седмопласиран.

Најголемиот успех Сабиа го имаше на Европското првенство во сала 1984 година кога го освои златниот медал, а на Медитеранските игри во 1983 година го освои сребрениот медал на штафетната трка 4х400 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот