Италијански новинар тврди: Елмас побарал да си замине од Наполи?!

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сезонава и како резерва во Наполи успеа да постигне шест гола и да забележи три асистенции и така даде свој придонес за освојувањето на Скудетото. Новинарот Лука Черконе сега објави дека македонскиот фудбалер побарал да си замине од Наполи.

Иако изјавите на Елмас беа поинакви во текот на сезоната. Черконе тврди дека Елмас не е среќен со улогата на „џокер“ и сака да добива поголема минутажа.

Треба да се спомене дека оваа вест доаѓа само пет дена подоцна откако реномираниот „Кориере дело Спорт“ објави дека македонскиот репрезентативец е спремен да стави потпис на нов договор до 2025 година. Инвормациите на „Газета“ беа дека Наполи е спремен да му ја зголеми актуелната плата на 1.5 милиони евра годишно.

Елмас во Наполи пристигна во јуни 2019 година на барање на тогашниот стратег на клубот од Неапол, Карло Анчелоти, а Наполи на Фенербахче му исплати 16 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот