Италијански брод со интегрирана болница се упати кон брегот на Газа

Фото EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Италија испраќа брод со интегрирана болница и свои операциски сали во водите во близина на брегот на Појасот Газа.

„Ние сме први што изведоа ваква хуманитарна операција во оваа област и се надеваме дека ќе не следат и други земји“, рече италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето.

Бродот Вулкано ќе се користи за лекување на повредени лица од затворениот крајбрежен појас.

Според Крозето, бродот има екипаж од околу 170 луѓе, вклучително и 30 персонал на италијанската морнарица специјално обучен за медицински итни случаи. Тој треба денеска да отплови од пристанишниот град Чивитавекија во близина на Рим.

Според Крозето, се планира наскоро да се испрати теренска болница во Газа. Тоа е дел од серијата иницијативи кои се договорени со земјите на НАТО и другите земји во Европа и Блискиот Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот