Италијанска вечер во Скопје: Ерос Рамацоти уживаше како да е дома (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Италијанскиот шармер Ерос Рамацоти вечерва во “А1” преполната арена во Скопје ги пее неговите најголеми хитови, а публиката со уживање и громогласен аплауз ја поздравува италијанската ѕвезда по секоја испеана песна.

Неколкуилјадните фанови кои ги има од сите градови на Македонија, но и гостите од Србија, Косово, Бугарија, Албанија, кои специјaлно допатуваа за овој концерт, со нетрпение ги чекаа неговите најголеми хитови како што се: “Cose della vita“, “Terra promessa”, “Una storia importante”, “Adesso tu”, “Ma che bello questo amore”, “Occhi di speranza” и ги пееја во еден глас.

Дефинитивно ова е италијанска ноќ во нашата метропола која ќе се памети уште многу долго…

Погледнете како беше вечерва:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот