ИТАЛИЈА ВОВЕДУВА ДАНОК НА ИНТЕРНЕТ ТРАНСАКЦИИТЕ: Очекува годишни приходи од 600 милиони евра

Италија до 2020. година ќе воведе планиран три-процентен данок на одредени онлајн трансакции на големите дигитални компании, изјави министерот за економија Роберто Гвалтиери.

Италија и другите членки на Европската унија веќе долго време ги критикуваат „Фејсбук“, „Гугл“ и другите интернет гиганти за остварување огромни профити во нивните земји, но плаќаат даноци до неколку милиони евра, пренесува „Ројтерс“.

Дигиталните компании префрлаат профит на дестинации со ниски или нула даноци, како што е Ирска, со меѓународни договори што ги штитат од плаќање данок во земјите каде што заработуваат, но немаат „постојан естаблишмент“.

– Добивката мора да се оданочува таму каде што се остварува – рече Гвалтиери на расправата во италијанскиот парламент.

Во Рим, во вторник, тој ќе претстави продукциско партнерство со најголемиот италијански трговски радиодифузер „Медијасет“, извршниот директор и основач на „Нетфликс“, Рид Хастингс, кој рече дека американскиот сервис за видео стриминг планира да отвори канцеларии во Италија и да плаќа даноци во таа земја.

Новиот италијански данок ќе се однесува само на компании со годишен приход од најмалку 750 милиони евра и вредност на дигитални услуги поголема од 5,5 милиони евра.

Според првичниот план, данокот требаше да биде воведен на почетокот од оваа година, но крајниот рок беше префрлен за следната година. Овој данок ќе биде воведен со владина регулатива.

Италијанското Министерство за финансии процени дека новите приходи од данок ќе бидат 600 милиони евра годишно. Гвалтиери исто така рече дека Италија штотуку побарала од Европската комисија да претстави предлог за минимална даночна стапка за компаниите ширум Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот