Италија сака брза вакцинација: Доза може да се прими и кај матичниот лекар, стоматолог и фармацевт како и во фирмите

Италијанскиот повереник за епидемија од коронавирус планира да ја засили вакцинацијата во фирмите и на туристичките дестинации, пренесува денеска италијанска Република.

Веќе постојат 730 места за вакцинации во фирмите, но прво лицата над 65 години треба да бидат имунизирани, рече Франчесто Фиљуоло за овој весник.

„Се надеваме дека ќе ја достигнеме таа цел од крајот на мај“, додаде Фиљуоло.

Тој рече дека Владата расправа за тоа дали да се воспостават дополнителни центри за вакцинација во италијанските приморски и планински региони зошто луѓето би можеле да го пропуштат терминот за примање на вакцина поради летните одмори.

Повереникот за епидемијата исто така коментираше дека одреден број луѓе одбиваат да се вакцинираат. Според зборовите на Фиљуоло, 18 проценти од жителите на североистокот од земјата не сакаат да се вакцинираат.

Италија минатиот четврток подели 500.000 дози вакцини на ден, со што ја исполни својата цел за крајот на април.

Според владините планови, луѓето ќе можат да се вакцинираат во ординацијата на својот матичен лекар или кај стоматолог или во аптеките.

Италија досега потроши речиси 20 милиони вакцини против коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот