Италија пријави најмногу заболени во еден ден, речиси 25.000

EPA-EFE/EMANUELE VALERI

Италија пријави нешто помалку од 25.000 нови инфекции од коронавирус, најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата.

Во претходните 24 часа во Италија од последиците на коронавирусот починаа уште 205 лица.

Во болниците ширум земјата се примени речиси 1.000 луѓе, а на одделението за интензивна нега сместени се 125 пациенти.

Италија, која во првите месеци од епидемијата беше најтешко погодена европска земја, регистрираше досега околу 590.000 инфекции од коронавирус и 38.000 смртни исходи. Повеќе смртни случаи од последиците на инфекции во Европа има единствено Велика Британија.

Во италијансктие градови веќе со денови се одржуваат демонстрации против ограничувањата воведени поради сузбивање на коронавирусот. Владата забрани работа на кафулињата и рестораните навечер и ги затвори теретаните, кината и театрите.

Во некои регион воведен е ноќен полициски час.

Протестите на сопствениците на ресторани и таксистите преку ден главно се мирни, но на вечерните доминстрации често доаѓа до насилство.

Властите обвинуваат различни десничарски групи дека ја користат кризата како изговор за насилство, вандализам и ограбување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот