Истражување открива: Ова се четири најдолговечни раси на кучиња

Фото: Pexels

Изборот на домашно милениче е секогаш голем предизвик, а треба да се земат предвид многу фактори – дали кучето ќе живее во куќа или стан, со деца или постари лица, дали ќе биде потребно многу време и трпение за да го тренирате, дали се мирати и на крајот – колку долго ќе живее?

Истражувањето објавено во списанието „Саентифик рипортс“ покажа дека Џек расел териерот е најдолговечната раса на кучиња, која живее во просек 12 години и осум месеци, а по неа следи Јоркширскиот териер кој живее 12 и пол години.

Џек Расел териер куче
Џек Расел териер / Фото: Pexels/Mariana Al

Според истражувањето третата најдолговечна раса е Бордер коли, куче кое во просек живее 12 години и еден месец. А, четвртата најдолговечна раса е Англискиот спрингер спаниел со просечен животен век од 11 години и 11 месеци.

Бордер коли/Фото: Wikimedia Commons

Истражувањето е спроведено со помош на базата на податоци на Кралскиот ветеринарен колеџ од Обединетото Кралство, која содржи податоци за повеќе од 2 милиони животни. Исто така, се покажа дека кучињата со кратко, сплескано лице, како што се булдозите и боксерите, имаат најкраток животен век.

Англиски спрингер спаниел / Фото: Pexels / Scott Spedding

Па, францускиот булдог живее во просек само четири и пол години. Покрај француските и англиските булдози, чивавите, хаскиите и мопсовите имаат најголеми шанси да умрат пред да наполнат полнолетна возраст од две години.

Јоркширски териер / Фото: Pexels / Tima Miroshnichenko

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот