Испораките на руски гас во Кина ќе ги надминат планираните 22 милијарди кубни метри

Руски Гаспром / Фото: ЕПА

Русија и Кина на состанокот на меѓувладината комисија за енергетика разговарале за прашањето за снабдување со гас и заклучиле дека извозот на таа енергија преку гасоводот „Моќта на Сибир“ до крајот на годината ќе надмине 22 милијарди кубни метри природен гас, предвидени со договорот, изјави вицепремиерот на руската Влада Александар Новак.

„Разговаравме за прашањето за снабдување со гас. Годинава испораките ќе го надминат предвиденото. Беа планирани 22 милијарди кубни метри, а за 10 месеци обемот достигна речиси 19 милијарди. Односно, за цела година извозот ќе биде повеќе од 22 милијарди кубни метри“, рече Новак.

Претходно руската компанија Гаспром објави дека значително ја зголемила испораката на гас за Кина од средината на ноември, во согласност со претходно потпишаниот договор, пренесува руски Енергоњус.

Во текот на минатата година Русија преку гасоводот „Моќта на Сибир“, извезе вкупно 15,5 милијарди кубни метри гас во Кина.

Се очекува до 2025 година испораката на гас во Кина преку тој гасовод да го достигне максималниот проектиран капацитет на гасоводот од 38 милијарди кубни метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот