Израелските новинари: Исламските екстремисти планираат да го бомбардираат Евросонг во Шведска поради учеството на Израел

Фото: Profimedia / JOHAN NILSSON / AFP / Profimedia

Исламските екстремисти, според тврдењата на израелските новинари, планираат да извршат бомбашки напад на местото на одржувањето на Песна за Евровизија во Шведска во мај во знак на протест поради учеството на Израел на музичкиот натпревар, објавено е синоќа, а пренесува „Дејли мејл“.

Тајните извештаи на израелскиот информативен канал навеле дека чуварите во најголемата џамија во Малме – градот во кој се одржува Евровизија – им рекле дека терористите планирале да ја нападнат арената каде што ќе се одржи петдневниот музички натпревар.

Претставувајќи се како муслимански британски туристи, новинарите тврдат дека биле предупредени од обезбедувањето да не присуствуваат на настанот бидејќи ќе „експлодира“.

– Не оди таму, не оди таму. Тие ќе го разнесат – додал еден од стражарите, пренесува „Дејли мејл“.

Израелскиот ТВ канал Кешет 12, снимениот разговор го пријавил на организаторите на настанот, како и на шведската полиција, која сега истражува.

Портпаролот на Евровизија синоќа соопшти дека натпреварот сепак ќе се одржи, а во арената Малме со капацитет од 15.000 седишта ќе настапат уметници од најмалку 37 земји.

Се очекува присуство на обожавателите од целиот свет.

ФОТО | На Евровизија ѝ се заканува бојкот поради учеството на Израел: Објави соопштение, обожавателите уште побесни

ФОТО | Протест во Шведска за Евровизија: Демонстрантите повикаа на бојкот на Израел

Израел го менува текстот на песната за да може да учествува на Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот