ФОТО | На Евровизија ѝ се заканува бојкот поради учеството на Израел: Објави соопштение, обожавателите уште побесни

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Уште во јануари, повеќе од 1.000 шведски музичари потпишаа отворено писмо со барање Израел да биде исклучена од Евровизија, чиј домаќин е Шведска во мај.

Во писмото, објавено во весникот „Афтонбладет“, се наведува дека израелската „брутална војна во Газа“ треба да биде дисквалификувачка, според преводот на „Гардијан“.

Уметниците тврдеа дека учеството на Израел ќе го загрози „кредибилитетот“ на Европската радиодифузна унија, која го организира годишниот натпревар за песни. Музичарите, вклучувајќи ги Робин, Февер Реј, „Фрст ејд кид“, „Најф’с Олоф Дрејер“, „Рефјусд“ и „Виагра бојс“ го потпишаа писмото, заедно со поранешните евровизиски изведувачи Ерик Саде и Малена Ернман (мајката на климатската активистка Грета Тунберг).

„Фактот што земјите кои се ставаат над хуманитарното право се добредојдени да учествуваат на меѓународни културни настани го банализира кршењето на меѓународното право и ги прави невидливи страдањата на жртвите“, се наведува во нивното писмо.

Како одговор, Европската радиодифузна унија рече дека израелскиот јавен радиодифузен сервис Кан ги „исполнил сите правила на натпреварот за оваа година“.

– Ја разбираме загриженоста и длабоко вкоренатите ставови за актуелниот конфликт на Блискиот Исток – изјавиле од ЕРУ за „Вултуре“.

– Меѓутоа, ние сме посветени да обезбедиме Изборот за песна на Евровизија да остане неполитички настан каде што се натпреваруваат радиодифузерите и уметниците, а не владите – рекла тие.

Израел учествуваше на Евровизија 50 години и победи четири пати, последен пат во 2018 година со песната „Toy“ во изведба на Нета.

Израелската пејачка Еден Голан оваа година ќе го претставува Израел. Насловот на нејзината прва песна, „Октомвриски дожд“, наводно бил оценет како премногу политички, што ги прекршува правилата на ЕРУ. Наместо тоа, Голан сега се натпреварува со песната „Ураган“ (Hurricane).

Нејзиното вклучување предизвика повици и гледачите и натпреварувачите да ја бојкотираат Евровизија 2024 година. Таа, наводно, добивала и смртни закани преку интернет.

Организаторите на Евровизија објавија соопштение на 9 април во кое ја признаваат „интензивната дебата предизвикана од вклучувањето на израелски претставници“ и осудуваат „секаква форма на злоупотреба или вознемирување“ против кој било натпреварувач.

Во опширното соопштение објавено на веб-страницата на ЕРУ се признава „несомнената болка што ја претрпеа оние во Израел и во Газа“.

Се додава дека раководните тела на ЕРУ – а не поединечни уметници – донесуваат одлуки за учество на Евровизија.

„Цврсто се спротивставуваме на каква било форма на онлајн злоупотреба, говор на омраза или вознемирување насочени кон нашите уметници или кои било поединци поврзани со натпреварот“, се наведува во соопштението.

„Ова е неприфатливо и целосно неправедно со оглед на тоа што уметниците немаат никаква улога во оваа одлука“, велат тие.

Евросонг, односно ЕБУ (ЕРУ), на својата официјална веб-страница го најави учеството на Израел.

„ЕБУ ги повикува сите уметници кои ќе учествуваат на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија да бидат третирани со почит и ние ја осудуваме секоја злоупотреба и малтретирање“, се вели во соопштението за Израел.

„ЕБУ е свесна за силните емоции предизвикани од овогодинешниот Избор за песна на Евровизија и свесни сме за интензивната дискусија што ја поттикна вклучувањето на Израел. Би сакале да нагласиме дека сите одлуки во врска со учеството се одговорност на раководните тела на ЕБУ, а не поединечни уметници“, нагласуваат тие и додаваат дека се „против каква било форма на злоупотреба или малтретирање на судии, онлајн или офлајн“.

 

„Дали сте сигурни дека сте против каква било форма на злоупотреба?“, „Тогаш исфрлете го Израел од натпреварот ако е така“, „Дозволувате Израел да учествува и потоа се преправате дека сте за мир?“, напишаа гневните евровизиски обожаватели.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот