Исламски џихад го прекина огнот со Израел

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Во краткото соопштение екстремистичката организација Палестински Исламски џихад наведе дека завршиле со одмаздата за убиството на тројцата припадници на организацијата во нападите на израелската војска.

Палестински Исламски џихад од Појасот Газа прогласи едностран прекин на огнот во жестоките дводневни судири со Израел.

Во краткото соопштение екстремистичката организација Палестински Исламски џихад наведе дека завршиле со одмаздата за убиството на тројцата припадници на организацијата во нападите на израелската војска.

Во соопштението, исто така, се наведува дека ќе се одговори на секоја натамошна израелска агресија.

Претходно денеска, екстремистите од Исламски џихад продолжија со ракетни напади врз јужниот дел на Израел, при што една ракета паднала во двор на градинка.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и се закани со војна на исламските екстремисти од движењето Хамас, кое владее со Газа, доколку продолжат ракетните напади.

Нетанјаху, исто така, изјави дека му се заканил на Хамас дека доколку не ги спречи екстремистите кои го напаѓаат Израел ќе цели директно во нив.

Во знак на одмазда на вчерашните ракетни напади, израелската војска ја нападна позицијата на Исламски џихад во Газа и во Сирија.ки/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот