Исчезна претседателот на Танзанија, последен пат виден пред 17 дена, властите молчат
Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули (61) последен пат во јавноста е виден пред 17 дена, а танзаниските власти сѐ уште не соопштуваат каде се наоѓа и покрај информациите од опозицијата дека е „тој е сериозно болен“.
Како што пренесуваат странските агенции, последен пат се појавил на 27 февруари и оттогаш пропуштил тринеделни миси, што не било вообичаено за него.
Магуфули во период на пандемија со месеци тврдеше дека вирусот е исчезнат со помош на молитва и одбиваше да носи маска.
Земјата престана да објавува податоци за бројот на заразени од ковид-19 во април 2020 година.
Но, една недела пред последен пат да биде виден, Магуфули призна дека вирусот сè уште циркулира.
Лидерот на опозицијата во Танзанија, Тунду Лису, кој е во егзил во Белгија, во врска со отсуството на Магуфули вели дека се сомнева дека „тој е сериозно болен од ковид-19“.
Лису на Твитер напиша дека неговите „разузнавачки извори велат дека тој е на интензивна нега поради ковид-19 и дека едната страна од неговото тело е парализирана по мозочен удар“.