Ирски политичар стана секс симбол на оваа земја откако сними промотивно ВИДЕО

epa03744176 Irish Minister for Jobs, Enterprise and Innovation Richard Bruton adresses the media prior the EU Foreign Affairs/Trade Council at the EU Headquarters in Luxembourg, 14 June 2013. Ministers will talk about EU China strategic trade and investement relations. EPA/NICOLAS BOUVY

На социјалните мрежи го споредија Брутон со британскиот „007“ Даниел Крејг.

 Ричард Брутон (67), член на Собранието на Република Ирска и поранешен министер, стана национален секс-симбол, откако во новото видео во кое ги промовира предностите на одморот во неговата изборна единица во северен Даблин, ги покажа своите „плочки“ на стомакот.

Поради корона-пандемијата, одмор во својата земја ова лето е реалност за многу луѓе во светот, па и за Брутон.

– Ако ви треба нешто малку поенергично од возење велосипед, зошто да не ми се придружите овде, па да се нурнеме во водите кај Долимаунт, вели Брутон во видеото објавено на Твитер-профилот на неговата партија Фине Гаел.

Фото: Twitter/Screenshot

Добрата, или солидна форма на политичарот, предизвика многу коментари на интернет, па некои, на шега или не, го споредија Брутон со британскиот „007“ Даниел Крејг…

Овој политички ветеран, сепак, истакнува дека не посетува фитнес центри и ги повика своите сограѓани да ја користат природата за физички активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот