Иран се заканува со напад на воена база во Вашингтон

Иран се заканува со можни напади врз Форт Мекнер, американска воена база во Вашингтон, како и на заменикот на началникот на Генералштабот на американската армија Џозеф М. Мартин, јавија светските медиуми повикувајќи се на двајца високи разузнавачи.

Тие велат дека комуникацијата што ја пресретнала Националната агенција за разузнавање (НСА) во јануари покажала дека иранската Револуционерна гарда разгледува да изврши „напад во стилот на Ју-Ес-Ес Кол”, што се однесува на самоубиствен напад во октомври 2000 година кога мал брод застана покрај разурнувачот на американската морнарица во пристаништето Аден во Јемен и експлодира, при што загинаа 17 американски морнари.

Според изворите, разузнавачките служби откриле и планови на Иран да го убие генералот Џозеф М. Мартин и да се инфилтрира во воената база во Вашингтон.

Генералот Мартин живее во Форт Мекнер, една од најстарите бази во Америка.

Поради заканите, армијата да го засили обезбедувањето околу Форт Мекнер.

Комуникациите пресретнати од разузнавачките служби на САД се воделе меѓу припадници на елитната единица Кудс на иранската Револуционерна гарда, а биле разгледувани и можни воени опции за одмазда за атентатот врз поранешниот водач на Кудс генерал Касем Солејмани во јануари 2020 година во Багдад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот