ИРАН ГИ ПРЕКРШИ ПРАВИЛАТА: Го надминаа лимитот за збогатување на ураниум

Ураниум: Фото: ЕПА

Иран збогати 370 килограми ураниум на ниво од 4,5 отсто, што претставува кршење на ограничувањата од нуклеарниот договор од 2015 година, склучен со светските сили, изјави портпаролот на иранската нуклеарна агенција Бехроз Камалванди.

Според нуклеарниот договор од 2015 година, на Иран му е дозволено да збогати 300 килограми ураниум, максимум до 3,67 отсто.

Во последните месеци Иран јасно стави до знаење дека ќе се повлече од некои обврски, откако САД се повлекоа од Договорот минатата година и воведоа санкции против Техеран.

Европските држави, кои се против американското повлекување, се обидуваат да го убедат Иран да го почитува договорот. Но Техеран истакна дека со третата фаза од повлекувањето ќе почне во септември и ќе збогатува ураниум на 20 отсто.

Со договорот од 2015 година се настојува да се спречи високо ниво на збогатување ураниум, бидејќи тоа може многу брзо да доведе до развој на нуклеарно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот