ИПА проект „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот”

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија денеска ќе го промовира проектот на ИПА „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот”.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат Штефен Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Енвер Хусејин, заменик министер за труд и социјална политика, Беким Мурати, директор на Агенција за вработување и Наташа Здравковска, проектен координатор.

Сите активности на проектот се насочени кон намалување на долгорочната невработеност на лицата од ранливите категории и нивно вклучување во специјализирани програми и услуги за развој на вештини. Освен активно вклучување, овие лица добиваат и услуги за советување и мотивација (преку СИМ програмата), односно преку психосоцијална и менторска поддршка за да се охрабрат и полесно да се вклучат на пазарот на труд. Основна цел на проектот е подобрување на вештините и знаењата на лицата од ранливите категории со помош на обуки, практична работа и субвенционирано вработување, со цел да се олесни инклузијата на овие лица на пазарот на трудот, велат од Агенцијата за вработување.

Преку овој проект АВРСМ, исто така ќе ја имплементира и пилот мерката – „Втора шанса”, која им овозможува на лицата со недовршено средно образование да посетуваат настава и да се стекнат со формална диплома за завршено средно училиште.

Проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд” е поддржан од Европската Унија и се спроведува од Агенцијата за вработување во координација со Министерството за труд и социјална политика. Проектот се имплементира од септември 2019 година до март 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот