Иниеста против „своите“, Перез за триумф на Барса! (ВИДЕО)

twitter.com/FCBarcelona/

Перез беше најзаслужен за денешната победа на Барса против составот на Висел Кобе со конечен резултат 2:0 на стадионот во Јапонија. За Кобе играат поранешните фудбалери на Барса, Андрес Иниеста, Серхи Сампер и Давид Виља.

Немаше голови во првото полувреме, Перез настапи од стартот на вториот дел како замена за Коладо.

Најпрвин за водство стрелаше во 59 минута, а конечниот епилог го постави во финишот од средбата. Новото засилување Антоан Гризман беше стартер и ги одигра првите 45 минути, но и овојпат францускиот репрезентативец не се запиша во листата на стрелците.

Претходно каталонскиот гигант на „Саитама“ стадионот со 2:1 загуби од премиерлигашот Челзи. Шпанскиот шампион го очекуваат нови контролни мечеви наредниот месец, против Арсенал и Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Да додадеме уште дека поранешниот член на Барса, Томас Вермален ја продолжи кариерата токму во редовите на Висел Кобе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот