ИНФОГРАФИК | Кои се најмоќните армии во светот?

Руска и американска војска во Сирија/ Фото Delil SOULEIMAN / AFP / Profimedia

Страната Глобал Фајерпауер го објави својот годишен извештај и рангирање на националните вооружени сили, од најсилни до најслаби, секоја година од 2006 година. Минатиот месец беше објавено годинашното рангирање на воената сила на земјитe.

Глобал Фајерпауер ја пресмета секоја од 145-те земји во рангирањето според „Индекс на моќ“, индекс пресметан врз основа на повеќе од 50 фактори кои вклучуваат не само строга воена моќ, туку и финансиска состојба, логистички капацитет и географски услови, меѓу другото.

САД се на прво место. Нивниот индекс на моќност е 0,0712. САД со години се на врвот на оваа листа, тие имаат 92 активни уништувачи, 11 носачи на авиони и 13.300 авиони. Исто така, САД имаат 983 хеликоптери во својот арсенал. Тие се веројатно најсилната армија во светот.

Покрај тоа, САД трошат најмногу на војската. Годишниот буџет е околу 750 милијарди долари, три пати повеќе од Кина. Русија сѐ уште е на второто место. И покрај ограничените успеси и големите загуби што ги доживува во Украина веќе година и пол, Русија останува светска сила, сметаат од Глобал Фајерпауер.

„Тековната руско-украинска војна ги покажа клучните ограничувања на воените капацитети на Русија и покрај нејзината супериорна работна сила и материјална супериорност во однос на соседна Украина. Ова фрла светлина врз прашањата за подготвеноста, лидерството, обуката и снабдувањето“ се вели во објавата.

На трето место е брзорастечката Кина. „Кина се искачува кон второто место“, се вели во истражувањето. Доколку продолжи со ваквиот развој на армијата, наведува Глобал Фајерпауер, таа ќе стане главен конкурент на водечките САД.

Кинеската војска, според статистичките податоци, има помодерно оружје и опрема отколку за време на Студената војна. Така, овој сајт наведува дека 57 отсто од оружјето во Кина е од современо производство, додека 43 отсто се однесуваат на оружје од времето на Студената војна.

Кинеска војска / Фото: EPA/Roman Pilipey

За споредба, САД имаат 47 проценти од модерното оружје и 53 проценти од оружјето и опремата од Студената војна.

Индија е на четвртото место.

„Индија е постојано во првите пет земји во овој избор, а нејзиното население наскоро веќе е побројно отколку на Кина. Кина и Пакистан сè уште се најголеми воени закани за Индија и тие ја принудуваат да преземе големи чекори во модернизацијата на својата армија“ се вели во истражувањето.

Обединетото Кралство ги заокружува првите пет најсилни светски сили според ова истражување. Тие годинава, се наведува, ја зајакнале работната сила, авијацијата, логистиката и финансиите.

„Исто така, тие се една од ретките сили што имаат повеќе носачи на авиони“, додаваат тие.

Следните земји рангирани до десеттото место се: Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија.

Украина е особено интересна бидејќи моментално е во војна. Тие се пласирани на 15. место на оваа ранг листа. Се вели дека Украина значително ја зајакнува својата армија со помош на Западот. Минатата година Украина исто така била на 15. место во оваа селекција, додека претходната година била на 25. место.

Украина војска EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Во описот на Украина се додава дека 2023 година е критична година која ќе го насочи развојот на украинската армија во зависност од настаните на бојното поле.

Земјата која значително ја зајакнува својата војска, Полска, моментално е на 20-то место.

Што се однесува до регионот, Србија е прва меѓу балканските земји. Србија е на 58. место, додека Хрватска е 69-та. Словенија е трета меѓу земјите на регионот и е на 86. место, додека Албанија е следна на 91 место. Северна Македонија е на 108. место.

Босна и Херцеговина и Косово се практично на самото дно, во 15-те најлошо рангирани земји. А петте најлошо рангирани се: Либерија, Сомалија, Молдавија, Бенин и Бутан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот