ИНФОГРАФИК: Каде низ Европа се распоредени американските нуклеарни проектили?

Обработка на податоци: СП. / Иван Самарџиев

Нуклеарното оружје на САД се складира во Европа од средината на 1950-тите, кога 34-тиот американски претседател Двајт Ајзенхауер го одобри нивното префрлање во сојузничките бази на НАТО. Овој потег имаше за цел да го одврати Советскиот Сојуз и да ги убеди инволвираните земји дека не е неопходно да започнат сопствена програма за нуклеарно оружје.

Меѓу членките на НАТО на европскиот континент, нуклеарно оружје поседуваат и Велика Британија и Франција, додека американското нуклеарно оружје е распоредено во пет други земји, и тоа: Германија, Холандија, Белгија, Италија и Турција. Уште седум европски земји учествуваат во воздушната поддршка на нуклеарните мисии: Чешка, Данска, Грција, Унгарија, Норвешка, Полска и Романија.

Иако НАТО и САД не го откриваат точниот број, се проценува дека 100 нуклеарни бомби Б-61 се наоѓаат во шест бази: Клајн Брогел во Белгија, Бухел во Германија, Авиано и Геди во Италија, Волкел во Холандија и Инџирлик во Турција.

Б-61 е стратешка и тактичка термонуклеарна гравитациска бомба со низок до среден дострел која има двостепен дизајн на радијациона имплозија. Може да се користи на голем број авиони како што се Ф-35, Ф-18 „Супер Хорнет“ или „Еурофајтер Тајфун“.

Обработка на податоци: СП. / Иван Самарџиев

Светскиот нуклеарен арсенал

И покрај напредокот во намалувањето на нуклеарниот арсенал од Студената војна, бројот на нуклеарни боеви глави во светот останува на многу високо ниво. На почетокот на 2022 година, деветте земји заедно поседуваа 12.705.

Русија и САД имаат илјадници нуклеарни бомби во нивните резерви, додека другите земји не гледаат потреба од повеќе од неколку стотици.

Од 12.705 нуклеарни боеви глави во светот, повеќе од 9.400 се во воени резерви подготвени за употреба на проектили, авиони, бродови и подморници.

Останатите боеви глави се повлечени, но сè уште се релативно недопрени и чекаат расклопување. Од 9.440 боеви глави во воениот склад, околу 3.730 се распоредени во базите. Од нив, приближно 2.000 американски, руски, британски и француски боеви глави се на готовност, подготвени за употреба за кратко време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот