ИНФОГРАФИК | Фудбалското хулиганство низ Европа

Хулигани / Фото: blickwinkel / Alamy / Alamy / Profimedia

„Ултрасите“ или фудбалските хулигани во последниве децении стануваат сѐ популарни на трибините на фудбалските натпревари, во главно поради лоши односно негативни причини. Случајот во Атина, каде навивач беше убиен во инцидент меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб, стана една од најкоментираните теми низ регионалните медиуми, па затоа одлучивме да видиме кои се најпознатите „ултраси“ низ Балканот и Европа. Ваквите случаи со екстремно насилство започнале во Италија кон крајот на 1960-тите, а инцидентите низ годините се случувале насекаде.

Светот на „ултрасите“ е толку проширен што дури постои и веб-страна на која членовите на овие навивачки групи ги споделуваат своите искуства и фотографии од фудбалските наптревари. На страната ultras-tifo.net можат да се најдат фотографии и видеа од лудите кореографии кои ги често ги подготвуваат навивачите низ светот. Ваквите кореографии се една од причините зошто многу од фудбалските клубови дозволуваат вакви хулигани на натпреварите. Но, тоа што се случува надвор од фудбалските натпревари е тоа што загрижува.

Феноменот „Ултрас“, со добро организирани банди поддржувачи кои често достигнуваат екстремно насилство, започнал во Италија кон крајот на 1960-тите, но почнал да се шири во југоисточна Европа во 1980-тите – и сега достигна огромни размери. Крвавите судири на европските стадиони, но најмногу надвор од нив, имаат тенденција да станат секојдневна појава.

Со текот на годините, пресметките меѓу навивачките групи прераснаа од бранење на боите на фудбалскиот клуб во крвопролевање поради различни политички, социјални и економски влијанија. Ваквите навивачки групи се актуелни на социјалните мрежи, каде најчесто покрај блескавите кореографии се шират голем број навредливи коментари.

На Балканот, хулиганството ги „рашири своите пипала“ во сите форми на незаконитост, а конкуренцијата е дополнителен поттик за конфликт. Распадот на Југославија, исто така, придонел за ова, што овозможило организираните криминални групи вклучени во трговијата со дрога и шверц со оружје или цигари, да обезбедат еден вид заштита при перењето на пари во државите.

Блиску до интересите на овие групи се додаваат и длабоките националистички разлики меѓу етничките групи кои живеат во овие земји, што ги прави нивните конфликти уште пожестоки. Во последниве три или четири децении во секоја балканска земја се формираа вакви навивачки групи.

Блиските врски на фудбалскиот хулиганизам со политиката, национализмот и организираниот криминал на Западен Балкан се мапирани во извештајот на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал. Авторите на тој извештај анализирале 122 хардкор здруженија на навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот