ИНФОГРАФИК | Дали скапотијата е најголем проблем на тие што годинава ќе одат на одмор

Обработка на податоци: Слободен печат - Иван Самарџиев

По две години ограничувања и рестрикции поврзани со ковид -19, патниците се подготвени масовно да ги посетат плажите ова лето, но доколку сè уште можат да си го дозволат тоа. Освен жешко време, годинава жешки се и цените на горивата и другите патни трошоци, кои ќе бидат важна „ставка“ во планирањето на буџетот за годинешниот одмор.

Па така меѓународната анкета спроведена од институот ИПСОС вели дека иако ентузијазмот за патување е генерално поголем оваа година кај луѓето поради укинување на рестрикциите од коронавирусот, сепак голем број од Американците но и Европјците не се во можност да си дозволат летен одмор, односно многу семејства се принудени да ги преиспитаат своите планови за одмор, ако не и целосно да ги укинат како резултат на поскапувањата на храната и енергентите.

Според истражувањето околу 45 отсто од Американците кои се уште немаат планови за патување ова лето изјавиле дека тие во исто време не можат да си го дозволат тоа, додека 33 отсто рекле дека ќе се воздржат од патување за да заштедат пари. Единствено 15 отсто од испитаниците во САД посочиле дека стравувањата од ковид-19 е причината поради која тие се одлучиле ова лето да останат дома.

Трендот е сличен и низ Европа каде што ентузијазмот за патување генерално наликува како и во САД на самиот почеток на летото. За разлика од високиот процент на Американци кои немаат планови за патување, само 29 отсто од Европејците досега не испланирале каде ќе летуваат. Дополнително 41 отсто од нив пак во исто време не можат да си го дозволат тоа, а 26 отсто ќе се обидат да заштедат пари ова лето и нема да заминат нигде.

Стравувањта од ковид-19 се уште играат улога кај Европејците ова лето но таа бројка е значително мала споредбено со лани бидејќи само 11 отсто од испитаниците рекле дека стравот од коронавирусот е причината поради која тие ќе останат дома ова лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот