Индија се соочува со нов проблем: Ретка „црна габа“ го напаѓа мозокот на пациентите со ковид
Кај пациентите заболени од коронавирус во Индија се појавива нов загрижувачки симптом. Кај повеќе од 300 пациенти забележано е присуство на смртоносна „црна габа“ која го напаѓа мозокот. Тамошниот здравствен систем продолжува да се мачи во пандемијата. Министерството за здравство излезе со совети како да се лекува инфекцијата.
Во сојузната држава Гуџарат се забележани 300 случаи во четири града, според податоците од државните болници.
Тоа е ретка, но агресивна габична инфекција која ги напаѓа респираторниот тракт, очите, а понекогаш и мозокот. Стапката на смртност се движи помеѓу 25 и 80 проценти, во зависност од тоа колку брзо се открива.
„Црните габи“ кои предизвикуваат мукормикоза најчесто се наоѓаат во почвата и гнилите растенија, а спорите кои влегуваат во телото со вдишување обично ги напаѓаат луѓето кои имаат ослабен имунитет. Најчесто се погодени дијабетичари, пациенти на онкологија, како и пациенти кои често користат кортикостероиди поради други болести.