Инциденти во Црна Гора: Полицијата уапси пратеници, парламентот го усвои контроверзниот закон слобода на вероисповед (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Полицијата ги уапси сите пратеници на Демократискиот фронт и уште четири лица во Црна Гора, откако беше усвоен контроверзниот закон за слобода на вероисповед и одбиени амандманите на партијата Демократски фронт (ДФ), јавуваат медиумите од Подгорица.

Полицијата со две возила ги пренесе пратениците на оваа партија во Центарот за безбедност, а пратеничката Марина Јочиќ од оваа партија ги повика граѓаните на Црна Гора да излезат на улица.

Приведени се вкупно 22 лица, вклучувајќи 18 пратеници на Демократскиот фронт.

Набзро по апсењето, пред Центарот за безбедност во Подгорица се собрале десетици граѓани, вклучувајќи и членови на семејствата на уапсените, пренесе радиото „Антена М“.

Седницата на парламентот, по апсењето на пратениците на ДФ, е продолжена, а сите 45 присутни пратеници на владеачката Демократска партија на социјалисти, СД, Либералната партија, Бошњачката партија, Хрватската граѓанска инцијатива, Форс, и СДП го изгласаа законот за слобода на вероисповед.

Претходно, како што јавува РТЦГ, пратеничката Марина Јочиќ со шише фрлила кон друг пратеник, а усвојувањето на инцидентот претставувало сигнал за почеток на серија на инциденти во зградата на парламентот.

Фрлена е и направа, која според локалните медиуми, наликувала на петарда, а полицијата се обидува да утврди за што точно станува збор.

На приведувањето на пратениците на ФД претходеше бурен ден во Црна Гора, поради тоа што противниците на донесувањето на законот за слобода на вероисповед ги блокираа патиштата и поставија барикади во Подгорица.

ТЦГ пренесе дека поради блокадите на патиштата на неколку места во државата има уапсени, вклучувајќи и свештеници на Српската православна црква.

Контроверзниот закон за вероисповед стои дека на државата ѝ се враќаат верските објекти и земјиште кое верските заедници го користат на територијата на Црна Гора, а за кои ќе се утврди дека се изградени со средства на државата или биле во нејзина сопственост до 1 декември 1918 година.

Предлогот го поддржа Црногорската православна црква (ЦПЦ), која смета дека со него ќе ѝ биде вратен имотот кој го поседува Српската православна црква (СПЦ). Од друга страна, СПЦ овој потег го оценува како обид на црногорската држава трајно да ги протера Србите од државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот