Инцидент на Островот: Нападнат автобусот со фудбалерите на Астон Вила

Фото: Aston Villa

Aстон Вила со 3:1 ја славеше на гостувањето кај Барнли во денешниот натпревар од Премиер лигата, а по натпреварот автобусот на гостинските фудбалери бил нападнат.

Гостите си заминаа со три бода и овој пораз домаќините тешко го прифатиле, па така на заминување го нападнале автобусот фудбалерите на Астон Вила. Според информациите на медиумите од Островот повреден бил тренерот на Астон Вила.
Полицијата добила и снимка од инцидентот и сега ќе се истражуваат напаѓачите. Барнли изрази жалење за ваквото однесување на своите навивачи.

„Со жалење и згрозување дознавме за нападот на тимскиот автобус на Астон Вила. Разговаравме со нивните претставници и бевме известени дека за среќа никој не е посериозно повреден. Најостро го осудуваме ваквиот однос и даваме поддршка на полицијата во напорите да се пронајдат сторителите“, стои во соопштението од Барнли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот