Имате проблем со прекумерно потење: Седум митови во кои треба да престанете да верувате

Фото: Pexels/ Andres Ayrton

Дали се потите нормално или претерано? Понекогаш е тешко да се процени, особено во летните месеци кога температурите се високи, но доколку обилно се потите и кога не ви е жешко, можно е да страдате од прекумерно или претерано потење – хиперхидроза.

Тоа е состојба која може да има сериозно влијание врз квалитетот на животот на поединецот, а постоечките предрасуди поврзани со оваа тема може да придонесат за чувство на непријатност, пишува „Центар здравља“ („centarzdravlja.hr“).

Во продолжение погледнете во кои седум митови поврзани со прекумерното потење, треба да престанете да верувате.

Мит бр. 1: Нормално е некои луѓе обилно да се потат цело време

Покрај температурите на кои сме изложени, на потењето влијаат и неколку фактори: зголемена физичка активност, емоционално стресни ситуации, присуство на инфекција во организмот, консумирање зачинета храна, дебелина, бременост или менопауза. Тоа значи дека навистина е нормално сите да не се потиме подеднакво, но некои луѓе се потат до тој степен што тоа почнува да им претставува физички и психички товар.

Мит бр. 2: Хиперхидрозата е само потење, а не сериозен проблем

Хиперхидрозата сама по себе не е опасна за физичкото здравје, но може да има негативен ефект врз менталното – да предизвика непријатност, анксиозност, па дури и да доведе до депресија. Исто така, треба да се запомни дека постојат два типа на хиперхидроза: примарна и секундарна. Додека кај примарната хиперхидроза не постои видлива причина за прекумерно потење, секундарната хиперхидроза се јавува како резултат на одредена состојба или здравствен проблем, што значи дека може да укажува на сериозна болест, како што е дијабетесот.

Мит бр. 3: Ако престанете да бидете нервозни, ќе престанете да се потите

Стресните ситуации можат да придонесат за зголемено потење, па затоа е добро да научите како да ги избегнувате или да усвоите техники кои ќе помогнат да се справите со нив, на пример одредени техники на дишење. Сепак, важно е да се знае дека прекумерното потење не може да се спречи на овој начин. Работата е во тоа што хиперхидрозата е физичка состојба, а не психолошка, па иако стресот може да биде фактор, елиминирањето на стресот не значи отстранување на проблемот.

Мит бр. 4: Луѓето кои претерано се потат имаат непријатен мирис

Еден од најчестите митови за потењето е дека потта има непријатен мирис. Потта сама по себе нема мирис, но појавата на непријатен мирис се јавува кога ќе дојде во контакт со бактерии кои се наоѓаат на кожата. Ова исто така значи дека количината на пот не мора да влијае на мирисот на телото – човек може да има непријатен мирис на телото дури и кога не се поти многу, а исто така може да се поти прекумерно и да нема непријатен мирис. Тоа е затоа што мирисот на телото е резултат на видот на бактерии на вашата кожа и како тие бактерии комуницираат со потта, а не самата пот.

Фото: Pexels/ cottonbro studio

Мит бр. 5: Можете сами да ја излечите хиперхидрозата

Во некои случаи – на пример, ако имате прекумерна тежина – можете да погодите зошто се потите повеќе од другите. Меѓутоа, како и кај секоја дијагноза, важно е таа да биде поставена од стручно лице, па затоа најдобро е да се консултирате со лекар, доколку забележите дека обилно се потите дури и кога ви се чини дека не треба, на пример кога е ладно. Лекарот не само што ќе утврди дали има проблем, туку треба да ве советува и кои производи или методи да ги користите за регулирање на прекумерното потење.

Мит бр. 6: Прекумерното потење не може да се спречи

Секундарната хиперхидроза се третира со лекување на основната здравствена состојба, додека примарната хиперхидроза не може да се излечи, но можен е симптоматски третман, што значи директно спречување на потење. Најчести средства против потење се антиперспирантите, а има и антихолинергичен крем кој се издава на рецепт и кој – како и антиперспирантот – се нанесува на пределот на пазувите. Покомплексните методи на лекување вклучуваат процедура на јонофореза, употреба на инјекции на ботулински токсин тип А или хируршка интервенција.

Мит бр. 7: Потењето е добро, спречувањето на потењето е опасно

Потењето е природен механизам со кој се регулира човечкото тело, па затоа е несомнено корисно, но тоа не значи дека спречувањето на потењето е штетно. Имено, со претходно споменатите средства и методи зафатени се само дел од потните жлезди, а во нашето тело ги има и до неколку милиониш, то значи дека потењето нема целосно да се спречи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот