Илјадници верници се молеа за крај на пандемијата и забрзување на вакцинацијата

EPA

Илјадници маскирани аџии се собраа денес на планината Арафат, каде се молеа за крај на пандемијата и забрзување на вакцинацијата.

Саудиска Арабија, дом на светите места Мека и Медина, втора година по ред спречува аџии од други земји да дојдат на аџилак и воведе ограничувања во рамките на самото кралство од страв од ширење пандемија и нови варијанти на вирусот .

Само шеесет илјади саудиски граѓани и оние кои живеат во земјата на возраст од 18 до 65 години, кои биле целосно вакцинирани или се заразиле со коронавирус и немаат хронични болести, ќе можат да присуствуваат на аџилак. Еднаш во животот, секој муслиман мора да оди на аџилак, ако може да си го дозволи тоа.

„Неописливо е чувството дека сум избрана за аџилак“

Во џамијата Намира, аџиите беа оддалечени два метра едни од други

– Неописливо е чувството дека сум избрана од милиони луѓе за аџилак. Се молам на Бога да стави крај на овие тешки времиња со кои се соочува целиот свет за време на коронавирусот”, рече Ам Ахмед, палестински аџија што живее во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, додавајќи дека изгубила четворица членови на семејството од ковид-19.

Каримулах ал-Шеик од Индија вели дека се моли за својата земја, која бележи пораст на бројот на нови инфекции, да се ослободи од вирусот и сите да се вакцинираат.

Хафиз Кадику, Американец кој работи во Саудиска Арабија има поширока желба. Тој вели дека има премногу расизам.

– Му се молам на Алах сите да почнат да се сакаат едни со други, рече Американец

Во годините пред пандемијата, на аџилак имало над 2 милиони аџии од целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот