Илиовски второпласиран на БМУ Европскиот мотокрос шампионат

Второ место за Христијан Илиовски - Кико во Романија/Фото: facebook/Hristian Iliovski KIKO 90

После долга пауза од пет години во Романија во рамките од БМУ Европскиот мотокрос шампионат и високо второ место за Христијан Илиовски.

Македонскиот мотокрос натпреварувач успеа да се искачи на подиумот во силна конкуренција.

– Се враќам на старите патеки, со нови успеси после подолга пауза. Ова е како нов убав сон и пресреќен сум. Благодарен сум на мојот клуб до моите спонзори…до сите мои фанови и до моето семејство – вели Илиовски.

Пред овој настап Илиовски на патеката во Лагово, Прилеп, доминираше со триумф во првата трка од новата сезона на мото-крос македонскиот шампионат.

Во двете трки ги освои двете први места, во исклучително тешки услови на дожд и кал, но и тоа беше екстра предизвик да ја тестира формата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот