Играчите на Рома се откажаа од платите во наредните четири месеци

twitter/AS Roma

Извршниот директор на римскиот клуб, Фиенга им се заблагодари на капитенот Џеко, фудбалерите и тренерот Фонсека за овој врвен гест.

Фудбалерите и стручниот штаб на Рома се согласија да се откажат од нивните плати во наредните четири месеци и така му помогнат на клубот за време на пандемијата на коронавирусот.

Серија А е суспендирана од 9 март и не е познато кога ќе продолжи. Рома во денешното соопштение објави дека играчите се откажале од платите кои требаше да ги добијат помеѓу март и закажаниот крај на сезоната во јуни.

Покрај тоа, играчите се согласија да ги зголемат платите за работната заедница во клубот, кои сите се ставени на програмата на програмата на италијанската влада за социјална сигурност, за да им помогнат да имаат редовни месечни примања.

– Секогаш зборуваме за заедништво во Рома. Играчите, тренерот и неговиот стручен штаб се согласија доброволно да се откажат од платата и со тоа докажаа дека сите сме заедно во ова – рече извршниот директор, Гвидо Фиенга, а воедно додаде:

– Капитенот Един Џеко, сите играчи и тренерот Пауло Фонсека покажаа дека разбираат што значи овој клуб и за што се залага, па затоа сме им благодарни на сите нив за овој врвен гест кон вработените во клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот